Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија.
„Две балистички ракети Искандер-М ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми“, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Украинските сили за противвоздушна одбрана, наводно, уништиле 31 дрон.
Текстот Русија ја нападна Украина со 68 дронови е превземен од МАКФАКС.