
Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на руската рубљата од 1 мај, пренесе Би-би-си.
Како што јави британскиот медиум, Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјавил дека транзицијата на валутата во Херсон ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек и руската рубља и украинската гривна.
„По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута“, истакнал Стремусов.