Руската кошаркарска репрезентација нема да може да учествува на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз следната година, соопшти Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Агенцијата Асошиејтед Прес наведува дека ваквата одлука на ФИБА била очекувана, бидејќи руските клубови и репрезентацијата се суспендирани и од другите меѓународни натпреварувања поради војната во Украина.
Респектабилната агенција потсетува дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) дозволи индивидуално учество на руски и белоруски спортисти без знамиња, но не и на национални тимови.
Од Светската кошаркарска федерација (ФИБА) истакнуваат дека наместо Русија, во Европските претквалификации ќе учествува Бугарија./Gol.mk/