Рускиот парламент го заврши гласањето за законот со кој Москва се повлекува од ратификацијата на глобалниот договор за забрана на тестирање на нуклеарно оружје.
Горниот дом на парламентот, Советот на федерацијата, едногласно со 156 гласа го одобри законот откако претходно едногласно беше усвоен и од Долниот дом на парламентот, Думата. Документот сега ќе оди кај претседателот Владимир Путин на потпишување.
Претходно овој месец, Путин ги повика пратениците да ја воведат промената за да ја „одразат“ позицијата на Соединетите Држави, кои го потпишаа, но никогаш не го ратификуваа Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови.