Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.

Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.

Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.

Текстот Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД е превземен од МАКФАКС.