
Русија ги означи американските планови за испраќање гранати од тенкови со осиромашен ураниум во Украина како криминален чин. Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, го даде коментарот откога Пентагон објави нов пакет воена помош за Украина.
„Одлуката на администрацијата да испорача оружје со осиромашен ураниум е показател за нечовечност“, соопшти руската амбасада во Вашингтон.
„Јасно е дека со својата идеја да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, Вашингтон е подготвен да се бори не само до последниот Украинец туку и да уништи цели генерации“.