Русија синоќа започна масовен воздушен напад врз пристанишниот град Одеса – втора ноќ по ред, но властите ветија дека нема да бидат заплашени и дека ќе продолжат да работат на извоз на житарки. Во градот се слушнале експлозии, а активна била и воздушната одбрана.
Нападите врз Одеса, едно од главните пристаништа во Украина за извоз на жито, уследија по ветувањето за одмазда од страна на Русија по експлозијата на мостот што ја поврзува земјата со Кримскиот Полуостров во понеделникот, за што Москва го обвини Киев.
Набргу по ударот на мостот во понеделникот, Москва се повлече од договорот за жито од Црното Море, стар еден година, со кој се овозможи безбеден извоз на жито од Украина, потег што Обединетите нации велат дека ризикува да создаде глад низ целиот свет.