Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.

Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.

Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје

Текстот Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина е превземен од МАКФАКС.