Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ѝ се закани на Хрватска откако Загреб не дозволи лет за да бидат евакуирани 24 протерани дипломати од руската амбасада.

Advertisements

Според Захарова, Хрватска продолжува да спроведува антируска политика, систематски уништувајќи ги билатералните односи и се закани дека тоа нема да помине без одговор.

„Со воинствена русофобија, официјален Загреб дојде до точка каде што на недипломатски начин, нарушувајќи ги правилата на меѓународната комуникација, не дозволи хуманитарен лет да се евакуира голема група на руски персонал од амбасадата во Хрватска, заедно со нивните семејства, вклучувајќи мали деца. Зборуваме за луѓе на кои хрватските власти им наредија да ја напуштат земјата без причина. Овој нехуман и циничен однос кон нашите сограѓани нема да помине без одговор“, изјави Захарова.

Хрватските власти на 11 април го повикаа рускиот амбасадор во Загреб Андреј Нестеренко да му изразат „најсилна осуда на руската брутална агресија против Украина и бројните воени злосторства“ и да го информираат дека 24 вработени во амбасадата треба да ја напуштат земјата.

Прикажи повеќе