Русија и Сад на Советот на министри на ОБСЕ, ги потврдија разликите во однос на позицијата за Косово. Додека Лавров зборува за размена на териториии, Карпенетер повтори дека САД ја поддржуваат независноста.
„Во последно време имаше сериозни мислења за територијална размена меѓу Србија и Косово, знаете дека зависи од самите Срби да одлучат. Тоа е во интерес на српскиот народ и на другите кои живеат на Балканот. Историјата на Балканот била тешка, и за жал продолжува со своите тешкотии. Ги видовме разговорите во Република Српска во Босна. Во последно време имало сериозни размислувања за територијална размена на територии меѓу јужна Србија и Косово. Ако зборуваме за договор кој е добар за србите и нивните соседи, тогаш мислам дека сите земји од регионот, вклучувајќи не и нам, би биле радосни и би го поддржале ова, можеби не сите земји, но повеќето“, рече Лавров
„Нема промена во американската политика за Косово, секако дека ние ја поддржуваме независноста на Косово како демократска земја. Ние ги поддржуваме разговорите кои водат до нормализација на односите меѓу Косово и Србија и сметаме дека тоа е важно за регионот, важно е за стабилноста и безбедноста. Ние продолжуваме да соработуваме со Европската унија да ја постигнеме таа цел и со нашите пријатели во Косово, каде што имаме функционална демократија од прогласувањето на независноста од 2008 година“, рече Мајкл Карпентер- амбасадор на САД во ОБСЕ.