Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.

Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.

За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.

Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.

Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.

Текстот Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната е превземен од МАКФАКС.