Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Владимир Путин, Јуриј Ушаков, ќе се сретнат со високи американски дипломати во Саудиска Арабија.
И Лавров и Ушаков се искусни дипломати кои со години му помагаат на Путин да ја спроведе руската надворешна политика.
Лавров го води Министерството за надворешни работи повеќе од 20 години.
Ушаков е еден од клучните советници на Путин за надворешна политика повеќе од една деценија. За време на првите претседателски мандати на Путин, тој беше руски амбасадор во САД.
Нивното учество на денешниот состанок – иако се уште не се работи за мировни преговори, туку за технички подготовки за самитот Трамп-Путин – укажува и на промена на политиката на Москва.
Како што објави BBC Russian, улогата на руските дипломати во клучните одлуки поврзани со националната безбедност и иднината на земјата е намалена. Нивното враќање на преговорите на високо ниво може да биде потенцијален знак дека Русија навистина сака да постигне договор со САД за ставање крај на војната во Украина – но под свои услови.
Текстот Русија испраќа силна делегација во Ријад е превземен од МАКФАКС.