Руското Министерство за одбрана се обиде да ги отфрли обвинувањата за наводни убиства на цивили во градот Буча, во близина на Киев.
Во услови на широко распространета осуда од западните лидери по откривањето на телата по повлекувањето на руските трупи од градот, Министерството за одбрана на Русија сугерираше дека сцените се „последната провокација“ од Украина.
Тие тврдат дека ниту еден локален жител не станал жртва на насилни акции додека го окупирал градот – и рече дека руските сили се повлекле на 30-ти март. Се вели дека фотографиите и видео снимките се „последната лага од режимот во Киев“.
Би-Би-Си е меѓу новинските организации што виделе вознемирувачки сцени во Буча, вклучително и 20 тела облечени во цивилна облека расфрлани на патот, а некои со рацете врзани зад грб.