Русија испрати порака до САД со барање за прекин на испораката на оружје за Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

Advertisements

Анатолиј Антонов за ТВ „Русија-24“ оцени дека испораките на американско оружје за Украина не придонесуваат за барање дипломатско решение, пренесува весникот „Известија“.

„Дали испративме нота, да, укажавме на неприфатливоста на ситуацијата кога САД ја снабдуваат Украина со оружје, побаравме да престане оваа практика“, нагласи Антонов./Makfax

Прикажи повеќе