Трета година по ред, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е на чело на годишната листа на „Форбс“ за најплатени спортисти со заработка од 253 милиони евра.
Во споредба со претходната година, Роналдо ги зголемил своите приходи за 13,8 милиони евра. За една година, само боксерот Флојд Мејведер заработил повеќе од Роналдо, кој заработил 276 милиони евра во 2015 година и 262,2 милиони евра во 2018 година.
На второто место е плејмејкерот на НБА тимот Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари со 143,5 милиони евра, додека третата позиција ја држи британскиот боксер Тајсон Фјури со 124,2 милиони евра.
Квотербекот на Далас Каубојс, Дак Прескот, го достигна четвртото место со 126 милиони евра, а петти е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со годишна заработка од 124,2 милиони евра.
По нив следуваат ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс (123,1 милиони евра), бејзбол играчот и член на Њујорк Метс, Хуан Сото (104,9 милиони евра), додека францускиот напаѓач Карим Бензема, кој игра за Ал Итихад во Саудиска Арабија, е осми со заработка од 95,7 милиони евра.
Листата ја затвораат јапонската бејзбол суперѕвезда Шохеи Охтани со 94,3 милиони евра и НБА ѕвездата Кевин Дурант, кој заработил 93,3 милиони евра.
Заедно, 10-те најплатени спортисти заработиле 1.288 милијарди евра, што е малку повеќе од минатогодишните 1.269 милијарди евра.
10-те најплатени спортисти во 2025 година:
1. Кристијано Роналдо – 253.000.000 евра
2. Стефен Кари – 143.520.000
3. Дак Прескот – 126.040.000
4. Тајсон Фјури – 124.200.000
5. Лионел Меси – 124.200.000
6. Леброн Џејмс – 123.096.000
7. Хуан Сото – 104.880.000
8. Карим Бензема – 95.680.000
9. Шохеи Охтани – 94.300.000
10. Кевин Дурент – 93.288.000
Текстот Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот е превземен од МАКФАКС.