Хамес Родригез одигра извонредно на Копа Америка, успеа да ја однесе Колумбија до финалето, па поради тоа одлуката кариерата да ја продолжи во Рајо Ваљекано го изненади фудбалскиот свет.
Родригез, минатото лето одби понуди на клубови кои имаат поголема репутација и поголеми амбции од Рајо Ваљекано. Првите три месеци на „Ваљехас“ покажаа дека направил лош избор.
Родригез ја нема минутажата на која се надеваше, досега на пет натпревари одигра само 123 минути и поради тоа има намера да го напшти клубот во зимскиот преоден рок.
Како што пренесува шпанска „Марка“, прв во редот за неговиот потпис бил Лацио. Родригез минатото лето преговараше со клубот од Рим, но двете страни не постигнаа договор. И покрај тоа клубот од Рим се уште е заинтересиран за неговите услуги.
Покрај Лацио, развојот на ситуацијата меѓу Родригез и Рајо Ваљекано го следат и турските клубови.
Колумбиецот сака да биде стандарден за да си го задржи местото во националниот тим, кој е блиску да избори пласман на Светсото првенство во 2026 година.
Текстот Родригез сака да го напушти Рајо Ваљекано е превземен од МАКФАКС.