Флоријан Вирц речиси сигурно ќе го напушти Баер Леверкузен ова лето. Баерн Минхен подготви пакет вреден 250 милиони евра за Вирц, но не е исклучено да се случи спектакуларен рпесврт.

Германските медиуми ја објавија понудата која е подготвена во Минхен, 150 милиони евра обесштетување и 100 милиони евра за Вирц во наредните пет сезони.

Шпанските новинари од друга страна тврдат дека Реал Мадрид е сè уште во игра и дека нема таа лесно да се откаже од Вирц.

Во меѓувреме се појави информација дека германскиот репрезентативец, во придружба на родителети, таткото Ханс и мајката Карин, имал блиц посета на Манчестер, се сретнал со Пеп Гвардиола. Оваа информација ја објави новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк.

Истиот новинар наведува дека Гвардиола планирал Вирц да го замени Кевин Де Брујне и дека е подготвен да плати колку што е потребно.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Вирц на 140 милиони евра.

Текстот Родителите го однеле Вирц во Манчестер за да се запознае со Гвардиола е превземен од МАКФАКС.