Роботите во Јапонија одамна извршуваат едноставни задачи во фабриките или доставуваат храна до посетителите на рестораните, но научниците сега претставија робот способен да ја изврши деликатната задача да лупи банана без да ја згмечи внатрешноста на овошјето.
Иако машината со две раце е успешна само во 57 проценти од случаите, лупењето банана укажува на иднината во која машините ќе вршат посуптилни операции отколку поместување метални делови или доставување кафе.
Видеото на научник од Универзитетот во Токио покажува дека робот фаќа и лупи банана со двете раце за околу три минути.
Научниците Хичеол Ким, Јошијуки Охмура и Јасуо Кунијоши го тренирале роботот користејќи процес на „имитација на длабоко учење“, во кој тие го демонстрирале дејството на лупење банана стотици пати за да произведе доволно податоци за роботот да научи дејства и да ги реплицира.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.