Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска го постигна најдобриот гол во рамки на четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), и тоа во триумфот на ЦСКА Москва од 29-28 против Савехов.
Ристовска постигна три гола на натпреварот, а еден од нив беше ремек-дело, кое го освои првото место во конкуренција за најубав гол на колото.