Во опустошеното пристаниште Мариупол во Азовското Море, кое со месеци беше под руска опсада пред да падне, постои ризик од голема епидемија на колера, објави британското Министерство за одбрана на 10 јуни во својот дневен билтен за разузнавање.

Advertisements

Во билтенот пишува дека изолирани случаи на колера се пријавени во Мариупол од минатиот месец.

Британските разузнавачи, исто така, оценија дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за жителите на териториите што ги окупирала во Украина.

„Пристапот до безбедна вода за пиење е неконзистентен, а и натаму има проблем со телефонските и интернет услуги“, се вели во извештајот.

Прикажи повеќе