Оваа салата е една од омилените на славските трпези
Оваа празнична салата е претежно позната како мрсна, но подеднакво е вкусна и во посна варијанта. Рецептот за посна руска салата кој ви го пренесуваме е тестиран.
СОСТОЈКИ:
200гр грашок
200гр компири
200гр морков
5 кисели краставички
200-300гр посен мајонез
Сол
ПОДГОТОВКА:
Излупете ги и сварете ги компирите и морковите. Згответе ги грашокот и морковот. Процедете го целиот зеленчук за да се отстрани вишокот вода, а потоа исечете ги компирите и морковите на ситни коцки, како и краставиците. Во поголем сад измешајте го целиот сварен зеленчук.
Посипете по вкус и додадете мајонез, па внимателно измешајте и оставете да се излади. Сервирајте во помали чинии и по желба украсете со магдонос.