Денеска ќе ви пренесеме еден рецепт за десерт кој брзо и лесно се подготвува, а чии залчиња ќе ги паметите долго.
Во овој десерт ќе ужива цело семејство, особено најмладите членови кои и сами ќе научат брзо да го прават.
Состојки:
– 2 парчиња лепчиња за тост;
– Чоколадо по избор;
– Јајца;
– Презла;
– Масло за јадење.
Подготовка:
На едното парче леб ставете две коцки чоколадо, па преклопете го со другото парче леб.
Лебот околу чоколадото исечете го во облик на круг. Така подготвениот леб премачкајте го со изматените јајца, па извалкајте го во презла, а потоа испржете го на масло за јадење.
Пржете додека не зарумени.
Пријатно јадење!