Овој зеленчук има многу лековити својства и може да направи чуда за вашата убавина.

Кељот е богат со антиоксиданти и железо. Ги намалува воспаленијата, ги лечи изгорениците од сонце, но и ја зголемува еластичноста на косата. Токму поради тоа се почесто неговиот екстракт е дел од кремите, лаковите за нокти и шампоните бидејќи го поттикнува производството на колаген кој на кожата и дава еластичност, го потхранува скалпот и ги зајакнува ноктите.

Кожа

Кељот изобилува со витамините А, Ц и К кои ги намалуваат темните подочници и jа затегнуваат кожата околу очите со што се намалува ризикот од ситни брчки. Тој содржи лутеин, каротеноид кој го поттикнува производството на колаген и се препорачува при отоци и лузни.

Освен тоа помага и во чистењето на порите и задржувањето на влажноста во телото, што кожата ја прави здрава.

Коса

Омега 3 и омега 6 масните киселини од кељот го навлажнуваат скалпот, го поттикнуваат растот на косата и го отстрануваат првутот. Неговиот екстракт се користи во шампоните, но делотворен е и во маските. За подготовка на маска потребно е во блендер да ставите четири листа од кељ, малку лимонов сок и лажица маслиново масли.

Добиената паста треба да ја втриете во скалпот и да ја оставите 20 минути да отстои.

Нокти

Косата и ноктите се состојат од кератин, а кељот го потикнува неговото производство. Тоа ноктите ги прави поцврсти и добро хидрирани. Многу козметички компании во последно време лансираат и лакови за нокти со екстракт од кељ.