Британскиот државјанин Рајан Еванс е убиен во руски ракетен напад врз хотел во градот Краматорск во источна Украина, пренесоа од Репортери без граници.
38-годишниот поранешен војник работел како безбедносен консултант за новинската агенција Ројтерс. Според властите, неговото тело било извлечено од урнатините само по неколку часа. Повредени се и најмалку четворица медиумски работници, од кои еден потешко.
„Го осудуваме смртоносниот напад на Русија врз Рајан Еванс и му изразуваме сочувство на неговото семејство“, изјави Мартин Каул, портпарол на одборот на Репортери без граници (РСФ).
„Смртта на Еванс е потсетник дека известувањето за војната на Русија против Украина останува крајно опасно. Русија мора да ги идентификува одговорните. Новинарите се заштитени со меѓународното право во вооружените конфликти“, изјави Каул.
Рајан Еванс е дванаесеттиот медиумски вработен кој е убиен поради неговата работа од почетокот на руската агресиа врз Украина во февруари 2022 година. Повеќе од стотина украински и меѓународни медиумски работници беа повредени, пишуваат од Репортери без граници.
Нападот се случи на 24 август, а меѓу жртвите има државјани на Украина, САД, Летонија, Германија и Обединетото Кралство. Ројтерс утредента ја потврди веста барајќи повеќе информации за нападот, вклучително и преку соработка со властите во Краматорск и ги поддржуваме нашите колеги и нивните семејства
Б. Ј.