Од среда, 29 март пациените на Клиниката за гастроентерохепатологија ќе бидат сместени во реновираниот дел, најави денеска директорката на Клиниката д-р Калина Гривчева – Старделова, која кажа дека по повеќе од 60 години, темелно е реновиран првиот кат на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Имаме законска обврска да го дезинфицираме одделот. Од понеделник ќе имаме дезинфекција, во вторник правиме брисеви, зимање примероци од водзух и со господ напред нашите пациенти од среда ќе може да бидат сместени и на овој оддел, рече д-р Гривчева – Старделова.
Реновирањето е финансирано од Командата на САД за Европа, во вредност од повеќе од 400 илјади долари, како и со поддршка на американската амбасада.
Реновирањето на д како и поддршката на Американската амбасада.елот од Клиниката за гастроентерохепатологија опфаќа половина од просторот со кој располагаме, а каде се сместени одделите за интензивна нега, за постинтензивна, кабинетите за дијагностички и интевентни процедури. Нашите пациенти и вработени добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува медицинските стандарди за третман и нега. Клиниката е реновирана од корен, со поставување на водоводна, електрична инсталација, подови, плочки, имаме конечно систем за централна венитлација, централен килсород поставен на секој кревет, рече диекторката на Клиниката.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.