Екипата на Ренова донесе две нови имиња во своите редови и го промовира Сенегалецот Бари Мухамаду Суахиб кој доаѓа од тимот на Шкупи, како и Назим Мамаѕаде.
Се работи за млад 21-годишен дефанзивец кој може да игра и на позицијата играч за врска, а доаѓа од Нефтчи Баку, за кого играл за вториот тим. Азербејџанецот одигра две пријателски средби за Борец, но не потпиша за велешани туку заврши во Тетово.
Додека 23-годишниот десен бек Бари доаѓа на позајмица од тимот на Шкупи. Се работи за ангажман до крајот на актуелната сезона.
Ренова е активна на трансфер пазарот. Претходно овој тим ги потпиша Назим Мамазаде, Мевљан Мурати, Амир Кахримановиќ и Фисник Зука. Екипата низ пролетниот дел ќе атакува на пласман во Европа. Од екипата си замина Арѓент Гафури кој продолжи во Воска Спор