„Лудило“ се очекува на трибините на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во Милано помеѓу Интер и Барселона, а италијанскиот клуб веќе ги трие рацете кога е во прашање заработката од продажба на билети.

Фудбалерите на двата тима ја кренаа атмосферата до точка на вриење со спектакуларен резултат во првиот натпревар (3:3), а навивачите на „нероаѕурите“ најавија незаборавна кореографија.

Беа побарани повеќе билети, а стадионот „Ѓузепе Меача“ беше распродаден одамна (максималниот капацитет е 80.018 седишта).

Нема сомнение дека двата клуба сонуваат и сакаат да стигнат до финалето, а италијанските медиуми објавуваат дека Интер веќе може да биде задоволен кога станува збор за заработката. Само од продажба на билети, црно-сините ќе инкасираат 14 милиони евра, што е рекорден приход во италијанскиот фудбал.

Секако, заработката ќе биде уште поголема кога ќе се додадат приходите од рекламирање, ТВ права и сè друго. Дури и да стигнат до финалето.

Реваншот започнува во 21:00 часот.

Текстот Рекордна заработка: Интер ги трие рацете пред реваншот со Барса е превземен од МАКФАКС.