реклама

Неверојатна снимка доаѓа од градот São Lourenço do Bairo во Португалија, откако се излеале 2,2 милиони литри од два цистерни со вино.

Имено, под неразјаснети околности се излеале два цистерни сопственост на дестилеријата Левира.

реклама

Граѓаните на овој португалски град со неверување гледаа во поплавата од вино што тече низ улиците, а таа количина на вода е доволна да наполни еден олимписки базен.

Поради големото излевање, локалните власти беа принудени да издадат еколошка опомена и да го пренасочат текот на виното, за да не ја загади локалната река Чертима.

реклама

Дестилеријата Левира се извини за необичниот инцидент.

„Ние преземаме целосна одговорност за трошоците поврзани со чистење и санирање на штетите, а нашите тимови се на располагање да го направат тоа веднаш“, велат тие.

реклама

Како изгледа кога низ улиците течат 2,2 милиони литри вино, погледнете го видеото во продолжение:

реклама