Екипата на Ред Бул делува доминантно во Формула 1 и ако денот по утрото се познава, тогаш тимот ќе биде шампион и оваа сезона. Колективот го бележи најдобриот старт на сезоната.
Пет победи на пет трки се билансот на возачите на Ред Бул на патеките. Дека ова е најдобриот старт на овој тим, потврдува и изјавата на директорот Кристијан Хорнер.
„Пет трки, пет победи, плус спринтот, тука се и четири трки со „еден-два“ победа. Никогаш сме немале ваков почеток и се прашуваме каде се останатите?“, изјави тој.
Во генералниот пласман води Макс Верстапен од Ред Бул со 119 бода, а втор е Серхио Перез со 114 бода. Нивниот најблизок следбеник е Фернандо Алонсо од Астон Мартин со 75 бода. Во тимскиот пласман, Ред Бул има 224 бода, пред Астон Мартин со 102 бода, а трет е Мерцедес со 96 бода. /Gol.mk/