Тимот на Ред Бул го испрати возачот Лијам Лосон во својот втор тим Рејсинг Булс и на негово место го донесе Јапонецот Јуки Цунода, објавено е на официјалната веб-страница на Формула 1.

Цунода дојде од другиот тим на Ред Бул, Расинг Булс. Јапонскиот возач ќе биде нов тимски колега на актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул. Лосон ќе вози за тимот на Рејсинг Булс со Исак Хаџар од Франција.

Лосон го замени Мексиканецот Серхио Перез во тимот на Ред Бул пред почетокот на сезоната.

Сепак, тимските челници решија да го заменат Лосон по две трки, незадоволни од резултатите на возачот од Нов Зеланд на почетокот на сезоната во Ф1.

Лосон не ја заврши трката за ГН на Австралија, додека Кинеското ГП го заврши на 12-та позиција.

„Беше тешко да се гледа како Лиам се бори со „РБ21“ за време на првите две трки и како резултат на тоа колективно донесовме одлука да направиме промена. Влеговме во сезоната 2025 со две амбиции, да ја задржиме титулата кај возачите и да ја освоиме титулата кај конструкторите, а ова е чисто спортска одлука“, рече директорот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 6. април за Големата награда на Јапонија.

Текстот Ред Бул го донесе Цунида, Лосон го испрати во Рејсинг Булс е превземен од МАКФАКС.