Светот само што дозна за омикрон сојот на коронавирусот, а веќе за неполни два месеци се појави и нова варијанта која потешко се детектира со ПЦР тестот.
Новата варијанта на коронавирусот го доби името омикрон лајк, односно „што наликува на омикрон“, блиска е на омикрон , но постои една важна разлика во мутацијата на гените.
Официјалните лица во Австралија вчера одржаа прес-конференција на која го потврдија присуството на „најновиот сој“, велејќи дека засега го нарекуваат БА.2 или омикрон лајк.
Генетски утврдивме разлика меѓу овие два соја и веднаш ги известивме меѓународните институции. Постои јасна динстинкција меѓу овие две варијации на генетско ниво – изјави австралискиот министер за здравство, Питер Ејткен.
Случај на омикрон лајк во Австралија е потврден кај патник кој минатата недела се вратил од јужноафриканската провинција Гаутенг. Тој моментно е во изолација во хотелски карантин во Бризбејн и има лесна клиничка слика.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.