Актуелниот шампион на Шпанија и Европа монтирал и објавил видео во траење од 2:40 минути. Видеото ги покажува огромните грешки кои последните години на негова штета ги донесоа Хуан Мартинез Мунуера, главниот судија на утрешното Ел Класико и Хозе Луис Гонзалес Гонзалес, кој ќе му биде видео асистент на супердербито.

Advertisements

„Против Барса ни суди дуото од натпреварот во кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја. Ни ја зедоа титулата. Мартинез Мунуера ќе биде главен на Ел Класико во Барселона, а Гонзалес Гонзалес ќе биде ВАР судија… Каква случајност! Ни суди тандемот со кој мадридистите имаат најлоши спомени“, потсетува Реал на клупскиот телевизиски канал.

„Тоа е истата судиска двојка која го водеа натпреварот на кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја. Во сезоната 2020/2021, поради нивните грешки на натпреварот против Севилја, Реал остана без титулата во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалес Гонзалес на тој натпрвар направија шест клучни грешки на штета на Реал,“ се вели во реакцијата на Мадрид ТВ.

Прикажи повеќе