Екипата на Реал Мадрид со 3 гола во мрежата на Алавес стигна до нова победа во Ла Лига. Со повеќе од 200 минути без голови, Реал Мадрид вечерва ја пронајде патот до мрежата на Алавес.
Првото полувреме заврши без голови, но во вториот дел, Марко Асенсио постигна ретко виден гол во Ла Лига. Победата на Реал Мадрид ја обезбеди бразилецот Винисиус Жуниор, во 80. минута од натпреварот. Во двата гола асистент беше Карим Бензема, кој се го постигна третиот гол од пенал, за конечни 3-0.
Реал стигна до квотата од 57 бодови и со седум бода и натпревар повеќе од Севиља. Алавес останува на претпоследната позиција, со 20 бода од 25 натпревари.