Голема криза го тресе Реал. Тешките последователни домашни порази од Барселона (0:4) во Ла Лига и од Милан (1:3) во Лигата на шампионите, предизвикаа бес кај навивачите, а во клубот се одржуваат кризни состаноци. Се почесто се зборува за одговорноста и статусот на тренерот Карло Анчелоти, но на удар се и ѕвездите на тимот.

Хозе Луис Санчез, новинар кој е тесно поврзан со Реал, коментира дека голем проблем е што тимот нема лидер.

Поточно, дека немаат лидер како што имаа до неодамна и како што имаат сега, но тој лидер е сериозно повреден и надвор од теренот до крајот на сезоната.

„Во овој тим на Реал не постои борбен дух. Ми недостига на теренот да го слушнам врескањето на Начо или Карвахал и да знам дека состојбата во ја контролира Крос. Нема такви кои се подготвени да се борат. Овој тим на Реал нема душа“, изјави Санчез.

Хроничарот на Реал на овој начин го критикува Лука Модриќ без воопшто да го спомене неговото име, бидејќи смета дека не постои лидер во тимот чии капитен е Модриќ.

Санчез остро го критикуваше и тренерот на Реал.

„Нема промена во системот, нема активност. Ваквата игра е недостојна за европскиот шампион. Уште еднаш се покажаа сите недостатоци на тимот кој се распадна под водство на Карло Анчелоти”.

Текстот Реал нема лидер – Ги нема Карвахал и Начо да врескаат и Крос да ја држи соблекувалната е превземен од МАКФАКС.