Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.

Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.

Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.

„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.

Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.

Текстот Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа е превземен од МАКФАКС.