Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид.
Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул.
Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни.
Со оглед на околностите, Ливерпул не сака да им излезе во пресрет на, но под услов Реал да плати 1,5 милиони евра, за да го раскине договорот со Трент три недели порано.
Според странските медиуми, Реал е подготвен да ја плати таа сума за англискиот дефанзивец, но велат дека Ливерпул би можел да побара повеќе, со оглед на околностите под кои Трент ги напушта „црвените“.
Англискиот репрезентативец без обесштетување ќе го напушти клубот.
Текстот Реал мора да плати доколку сака Трент да игра на клупското СП е превземен од МАКФАКС.