Францускиот репрезентативец Аурелиен Чуамени се почесто се споменува со заминување од Монеко, притоа како негова нова дестинација за продолжување на кариерата се споменува Реал Мадрид. Таа тема сега повторно се наоѓа во шпанските медиумите, овој пат со сумата која клубот ја бара за него.
Играчот од средниот ред има ударно место во тимот кој го води Нико Ковач, а оваа година дебитира и за француската репрезентацијата во квалификациониот меч за Светското првенство. Настапи и во полуфиналето на Лигата на нации, како и во меот за титулата, каде ги одигра сите 90 минути. Франција таму ја победи Шпанија со 2:1.
Реал Мадрид сака да го доведе следниот летен преоден рок, а како што наведува Марка, Монако во преговорите ќе влезе со поставена цена од 60 милиони евра.
Освен Реал, за 21 годишниот Чуамени заинтересирани се и Јувентус и Манчестер Јунајтед.