Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ќе отсуствува три недели поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми.

Францускиот фудбалер се повреди во четвртокот во Купот на Шпанија против Селта, кој Реал го доби по продолженијата со 5:2.

„По извршените тестови од медицинската служба, на Камавинга му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата тетива“, се наведува на клупската веб-страница.

Реал не прецизираше колку време Камавинга ќе биде надвор од терените, но „Марка“ и „АС“, тврдат дека тој ќе отсуствува три недели.

Камавинга оваа сезона одигра 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол со две асистенции.

Реал Мадрид е на второто место на табелата во шпанската лига со 43 бодови.

Текстот Реал Мадрид три недели без Камавинга е превземен од МАКФАКС.