Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Баерн со 93:71 во последниот натпревар одигран во рамките на плеј-ин во Евролигата.
Реал ја комплетира листата на учесници во плеј-офот, во четвртфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Избраниците на Чус Матео го диктираа ритамот од стартот на мечот, во ниту еден момент не му дозволија на Баерн да се врати и забележаа рутинска победа. Реал во првите десет минути ги реши сите дилеми кога оствари предност 33:17. Тимот од Минхен беше ослабен, Карсен Едвардс остана надвор од тимот поради повреда.
Кај Реал Мадрид најрасположен беше Марио Хезоња со 19 поени со седум скока и една асистенција, а го следеше Џанан Муса со 16 поени и пет скока.
Двоцифрени беа и Алберто Абалде со 13 поени и три асистенции, Факундо Кампацо со 12 поени, четири скока и пет асистенции, како и Валтер Таварес со 10 поени и три скока.
Кај Баерн се истакна Шабаз Напиер со 19 поени, четири скока и три асистенции, а го следеше Андреас Обст со 12 поени и три скока.
Двоцифрен беше и Девин Букер со 10 поени и три скока.
Плејо-фот започнува следниот вторник на 22 април (Фенер – Париз од 19:45 часот и ПАО – Ефес од 20:30 часот) и ќе трае најдоцна до 7 мај доколку има потреба мајсторки.
Текстот Реал го декласира Баерн, избори пласман во плеј-офот е превземен од МАКФАКС.