Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез, ги крои плановите за летниот преоден рок во 2025 година. Познато е дека Перез е заинтересиран за играчите на Ливерпул и Баерн Минхен, Тренет Александер-Арнолд и Алфонсо Дејвис, чии договори истекуваа на крајот од сезоната, што значи дека од своите клубови можат да заминат без обесштетување.
Трент и Дејвис се атрактивни имиња, ѕвезди на своите клубови, но Перез подготвува трансфер „бомба“ во централниот дел на одбраната.
Реал ова лето остана без Начо, Давид Алаба минатата сезона се повреди на почетокот на октомври и се уште не се вратил, па Карло Анчелоти како централни дефанзивци ги има само Едер Милитао и Антонио Ридигер.
Бидејќи на располагање ги има само нив двајца, Анчелоти често како централен дефанзивец го користи Аурелијан Чуамени.
„Ле10Спорт“, тврди дека Перез има намера во летниот преоден рок да го донесе Вилијам Салиба од Арсенал.
Наводно, Флорентино Перез веќе ги направил првите чекори, односно воспоставил контакт со претставниците на 23-годишпниот француски репрезентативец.
Перез е познат како човек кој секогаш го добива она што ќе го посака, но во овој случај се прашува и Арсенал. Салиба е водечкиот дефанзивец, човек од доверба на Микел Артета.
Доколку во Арсенал се согласат да го продадат Салбиа, сумата сигурно нема да биде помала од 90 милиони евра.
Текстот Реал бара централен дефанзивец – Изборот на Перез е Вилијам Салиба е превземен од МАКФАКС.