Ралф Рангник се очекува официјално да дебитира на клупата на Јунајтед во недела против Кристал Палас, вечерва од трибините ќе го следи дуелот со Арсенал.

Германецот ги средува документите со работната дозвола, а во меѓувреме бара засилувања за јануарскиот преоден рок.

Според „Мирор“, Рангник има 100 милиони фунти за трошење, а го мерка Тимо Вернер од Челзи. Германскиот репрезентативец соработуваше со Рангник во Лајпциг, сега го сака во Јунајтед.

Топ приоритет за Рангник е Ерлинг Халанд, но тој не е достапен за јануари. Летово Германецот тргнува по потпис со Норвежанецот од Дортмунд.