Албанскиот премиер Еди Рама вчера се обрати на собир на кој присуствувале етнички Албанци кои живеат во Грција, како и членови и симпатизери на неговата партија во арената „Галачи“ во Атина, при што посочил дека посакува ново поглавје на братство, европски поредок и мир заедно со напредокот на јужниот сосед Грција.

„Горди на Албанците во Грција, горди на Албанија, Атина е првата станица во албанските заедници во Европа“, напиша Рама на својот фејсбук-профил најавувајќи ја неговата посета на настанот во Атина.

Според грчката влада, посетата на Рама во Атина е приватна и нема официјален карактер.

Грчкиот весник „Катимерини“ објави и овој настан може да предизвика нови тензии во грчко-албанските односи.

Рама изјавил дека Грција е демократска земја, која не можела да спречи лидер да дојде во приватна посета и да им се обрати на своите сонародници.

Прикажи повеќе