Албанија ги отвори првите поглавја во пристапните преговори, кои би сакала да ги заврши до крајот на оваа деценија.

Оваа земја од Југоисточна Европа ги започна пристапните преговори заедно со Македонија во јули 2022 година.

По приемот на Хрватска во 2013 година, речиси и да нема напредок во процесот на проширување, кој се промени по руската агресија врз Украина.

„За жал, не можам а да не го кажам ова, но процесот на пристапување доби брзина благодарение на помошта на Владимир Путин по руската агресија врз Украина, која беше повик за будење и ја потсети Европа дека самодоволноста е само илузија“, изјави албанскиот премиер Еди Рама во Луксембург.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, чија земја претседава со Советот на ЕУ, рече дека Албанија може да отвори уште еден преговарачки кластер до крајот на унгарското претседателство. Тој, исто така, рече дека Србија може да отвори еден кластер, а Црна Гора, која ги има сите отворени поглавја, може да затвори еден.

Исто така, „би било идеално да имаме пристапни конференции со Босна и Херцеговина и Северна Македонија до крајот на нашето претседателство“, рече Сијарто, нагласувајќи дека за тоа е потребен консензус од сите земји-членки.

Текстот Рама: Благодарение на помошта на Владимир Путин Албанија ги започна преговорите со ЕУ е превземен од МАКФАКС.