Манчестер Јунајтед е во потрага по нов предводник, откако клубот му врачи отказ на Оле Гунар Солскјер.
Бидејќи маркетот на тренери од „елитното“ друштвто не е преполн во моментов, „ѓаволите“ се пред договор со Ралф Рангник.
Германецот кој со успех го водеше Лајпциг, а потоа требаше да го преземе и кормилото на Милан, работи во Локомотив Москва како спортски директор. Според најавите од „Атлетик“, клубот и Рангник веќе се договориле и тој ќе добие „одврзани раце“ како преодно решение во клубот. Стручњакот би требало да парафира договор до крајот на сезоната, а потоа да остане во поинаква улога.
Рангник се очекува да ја добие клупата во Манчестер Јунајтед, но ќе работи и во управата со цел да се реструктурира тимот, буџетот и да се направи повторно силна екипа за натпреварување во Европа.
Дури и клубот од Манчестер да пронајде нов тренер, лесно може да се случи Рангник да остане како директор и да продолжи со работа на „Олд Трафорд“.