Мораме да работиме на промоција на изнаоѓање на стратегија и нејзина брза имплементација за масовен скрининг на женската популација за што е можно поголемо намалување на бројот на новите случаи на цервикален карцином а особено на смртните исходи. Она што е многу важно најголем процент од смртните исходи се детектираат во неразвиените земји, но и во руралните средини на развиените земји, значи меѓу жените кои што имаат понизок социоекономски статус, пониско ниво на едукација и за жал жените кои што се уште имаат многу ограничен пристап до програмите за превентивна здравствена заштита, вели Асс д-р Весна Чибишева Чалоска на денешната трибина „Постои ли стратегија за борба против ракот на грлото на матка“ во организација на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје.
На трибината говореше и доцент доктор Игор Алулоски кој истакна дека стратегијата која е и на светско ниво, а која се користи и во земјава е 90-70-90 објаснуваќи дека тоа значи 90 проценти опфатност со вакцинација за ХПВ, 70 проценти минимум опфатност со скрининг, како и 90 проценти од детектираните преканцерозни бидат санирани и третирани, односно 90 проценти третман на пациентки со докажан инвазивен цервикален карцином.
– 90-70-90 што значат овие бројки, тоа меѓу другото значи и за нашата држава. Првата 90ка значи 90 проценти опфатност со вакцинација за ХПВ, тоа е првата борбена линија, значи додека сме во ек на вакцинација за една друга болест, ова апсолутно важи конкретно и за вакцинација н а ХПВ вакцина. Тоа 70 подразбира 70 проценти минимум опфатност со скрининг. Значи втора борбена линија скрининг на пациентите она што претходно кажа и доктор Чибишева заостанува, меѓу другото скринингот на цервикалниот карцином е една од тие превентивните цели кои што меѓу другото се спроведува и кај нас со тие превентивни програми. Но за жал меѓу другото посебно постои каскање односно заостанување во овие две години на светско ниво во опфатноста намалување на процентот на опфатени пациентки со скрининг програмите генерално за сите типови на карциноми, вклучително карцином на дојка. Онаа последната 90 која што се спомнува се однесува на третманот односно да 90 проценти од детектираните преканцерозни бидат санирани и третирани, односно 90 проценти третман на пациентки со докажан инвазивен цервикален карцином. Оваа стратегија предложена од СЗО е всушност стратегија насочена кон сите и тенденција е и нашата држава да се приклучи кон постигнување на тие цели, изјави Алулоски.
Претседателката на здружението Борка за секој нов ден, Биба Додева укажа дека ракот на грлото на матка за разлика од секој друг вид на карцином може да биде превениран, укажувајќи дека ова е еден од ретките карциноми кои што можат да се откријат во ран стадиум.
– Јас пред се сакам да се заблагодарам на поканата и иницијативата. Ова е навистина многу важно и ваквите едукации се многу важни за подигање на јавната свест и за информирање на жените, односно не дека некоја жена не знае дека треба да оди на гинеколошки преглед, туку ние како нација сме некако и како мајки се друго да ни биде средено отколку да отидеме и да закажеме некој преглед. Разликата кај овој вид карцином за разлика од сите видови карциноми бидејќи знаете дека здружението Борка за секој нов ден се бави со сите видови карциноми, како што и се кажа овој рак може да биде превениран еден од ретките ракови кои што не само што може да се открие во ран стадиум туку може да се превенира во пред ракова состојба, додаде Додова, укажувајќи дека единствен основ за борба против овој вид на карцином е имунизација на девојчињата и момчињата.
– Во основа во борбата против овој вид на карцином е вакцинирање, односно имунизација на девојчиња и момчињата од 12 годишна возраст па понатаму, рече Додова.
Воедно, и доктор Жаклина Шопова, советник и претседател на комисијата за здравство во Советот на Град Скопје смета дека ковид 19 влијае на карциномот на матката, но и на останатите акутни и хронични болести, посочувајќи дека во секоја болест многу важно болеста на времено да се дијагностицирање, превенирање и лекува.
– Ковидот и те како влијае не само на карциномот на матката, туку и на оние акутни и оние други хронични болести. Значи секогаш кога постои актуелизација на одредена болест а во конкретниот случај е ковид 19 изминатите две години не само во нашата држава, него генерално во светот е болест број еден, неминовно е онаму каде што рековте дека државите кои што имаат недобро организиран здравствен систем останатите пациенти за сметка на ковид пациентите секогаш страдаат. Што значи тоа? Тоа значи дека за жал сегашната власт со самиот почеток на ковид кризата не успеа добро да се справи заради тоа што иницијално на самиот почеток не беа достапни до народот бесплатни тестови за дијагноза. Секогаш во инфективните болести и кај сите останати болести многу битен фактор е рано дијагностицирање, превенирање и лекување, потенцираше Шопова.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.