Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент денеска ќе одржи седница на која една од точките ќе бидат и неодамнешните посети на унгарскиот премиер и актуелен претседавач со ЕУ, Виктор Орбан на Кијив, Москва и Пекинг.
Веднаш по преземањето на претседавањето на неговата земја со ЕУ, Орбан прво отпатува за Украина, а потоа замина во посети на Русија и Кина, без консултации со институциите на ЕУ.
Посетите на Орбан беа тема и на вчерашното заседание на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) на кое беа изнесен критички забелешки на „мировните мисии“ на унгарскиот премиер, но не беше усвоена никаква конкретна мерка.
Според извори во ЕП, на денешното заседание на Конференцијата на претседатели, тело што го сочинуваат претседателката на Европскиот парламент, претседателите на политичките групи и претставник на партиите кои не се членки на ниту една групација и е задолжено за усогласување на законодавната и политичката агенда на законодавниот дом на ЕУ, би можеле да бидат разгледаат различни мерки, вклучително и предлози за бојкот или предвремен прекин на унгарското претседателство со Унијата.
Сепак, засега е неизвесно кои би биле реалните импликации од расправата на Конференцијата на претседатели и во колкава мера тие би биле сериозни, но многу веројатно е дека таа ќе доведе до потензични односи меѓу Европскиот парламент и унгарското претседателство со ЕУ./ МИА