Главниот град на Киев утрово бил цел на ракетни напади од руската страна. „Си-ен-ен“ објави дека околу 5:40 часот се слушнале најмалку три експлозии во Киев за кои се претпоставува дека одекнале во југозападниот дел на градот.
Претходно и украинскиот министер Антон Герашченко објави дека започнал рускиот напад на Киев. Според неговата изјава, руските сили планираат да се пробијат до Киев со тенкови.
Претседател Влодомир Зеленски, пак, утринава изјави дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но и дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци.
Во телевизиско обраќање, Зеленски рече дека руските напади биле насочени и кон воени и кон цивилни цели.
„Целта на овој напад е притисок. Притисок врз вас драги граѓани. Притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само врз властите, туку и врз сите Украинци“, рече Зеленски.