реклама

Одржувајте ги растенијата здрави, заштитете го животот

Една од клучните активности што ги презеде Националната организација за заштита на растенијата (НППО) – Фитосанитарната управа беа: организирани едукативни трибини за сите засегнати страни со посебен осврт на потребата од спроведување превентивни мерки, хемиски мерки во насадите, како и хигиенски мерки за контрола на габата по бербата. За среќа, инфекцијата беше ставена под контрола и присуството на габата континуирано се следи секоја година, врз основа на годишниот план за фитосанитарен мониторинг.

Северна Македонија ги здружи силите со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) за да ја поддржи и унапреди свеста за здравјето на растенијата и неговата поврзаност со нашиот секојдневен живот. Кампањата #PlantHealth4Life има за цел да нагласи дека здравите растенија се важни за производството на земјоделски култури, за одржување на здравјето на шумите и за зачувување на природните и засадените површини, природните екосистеми и биодиверзитетот.

Секој човек има клучна улога и може да се вклучи во процесот на одржување здрави растенија, и тоа на следниов начин:

• Ако претпочитате да патувате надвор од ЕУ и уживате да ги гледате сите тие прекрасни, егзотични растенија, размислете двапати пред да ги земете дома со вас! Тие растенија, семиња, овошки, зеленчуци или цвеќиња може да содржат растителни болести и штетници

• Доколку се шетате или работите во вашата градина, овоштарник или лозје и забележите знаци на штетни растителни организми, веднаш известете ги НППО – Фитосанитарната управа и овластените технички институции

• Едуцирајте ја следната генерација: Вклучете се во разговори за важноста на растенијата со вашите пријатели, семејството, децата. Учејќи ги за здравјето на растенијата, им давате моќ да станат одговорни заштитници на животната средина

реклама