По пет кола во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) како првопласирани во своите групи, наедно и како носители при ждрепката, се пласираа Ајакс, Баерн, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, како и Челси, Интер, Јувентус, Пари сен Жермен, Реал Мадрид и Спортинг, некои од нив, исто така, со шанса да бидат први во групата по шестото коло во вторник и среда,
Од нив осум клуба досега биле европски прваци (Ајакс, Баерн, Ливерпул, Манчестер ј., Челси, Интер, Јувентус и Реал).
Во трка за уште пет места во осминафиналето се 10 тима, и тоа од групата Б Милан, Атлетико и Порто (за едно место), од групата Е Барселона и Бенфика (за едно место), од групата Ф Аталанта и Вилјареал (за едно место) и од групата Г Лил, Салцбург, Севилја, и Волфсбург (за две места).
Од нив четири се поранешни европски прваци (Милан, Порто, Барселона и Бенфика), а во осминафиналето сезонава има место за најмногу два тима.
Група А (двојки ПСЖ – Бриж, Лајпциг – Манчестер сити): Манчестер сити е прв, а ПСЖ втор во групата.
Лајпциг ќе биде трет и ќе игра во Лига Европа ако победи или ако ремизира, а Бриж не победи, или секако ако Бриж загуби.
Бриж ќе биде трет ако во ова коло освои повеќе бодови од Лајпциг. Група Б (Порто – Атлетико, Милан – Ливерпул): Ливерпул е прв,
Порто ќе оди понатаму ако победи, или ако ремизира, а Милан не победи. Атлетико ќе биде осминафиналист ако победи, а Милан не триумфира. Милан ќе се пласира во осминафиналето ако победи, а во другиот меч биде нерешено.
Група Ц (Ајакс – Спортинг, Борусија Дортмунд – Бешикташ): Ајакс е победник во групата, а Спортинг е второпласиран. Борусија Дортмунд ќе игра во Лига Европа. Бешикташ ќе биде четврти во групата. Група Д (Реал Мадрид – Интер, Шахтер – Шериф): Реал е осминафиналист и ќе биде прв во групата ако не загуби од Интер оди понатаму, а ќе биде прв ако победи. Шериф ќе игра Лига Европа. Шахтер ќе биде четврти во групата.
Група Е (Баерн – Барселона, Бенфика – Динамо Киев): Баерн е победник во групата. Барселона ќе се пласира понатаму ако победи или ако Бенфика не победи. Бенфика ќе биде во осминафиналето ако победи, а Барселона не победи. Динамо ќе биде четврти во групата. Група Ф (Манчестер ј. – Јанг бојс, Аталанта – Вилјареал): Манчестер јунајтед е прв во групата. Вилјареал ќе се пласира понатаму ако избегне пораз. Аталанта ќе биде осминафиналист ако победи. Јанг бојс ќе биде трет ако победи, а Аталанта загуби.
Група Г (Волфсбург – Лил, Салцбург – Севилја): Лил ќе се пласира понатаму ако избегне пораз. Салцбург ќе биде осминафиналист ако не загуби. Севилја ќе биде меѓу 16-те најдобри тима сезонава во ЛШ ако победи. Волфсбург ќе биде во осминафиналето ако победи. Група Х (Зенит – Челси, Јувентус – Малме): Челси ќе биде прв во групата ако победи, или ако ремизира, а Јувентус не победи или ако Јувентус загуби. Јувентус ќе биде прв ако победи, а Челси не, или ако Јувентус ремизира, а Челси загуби. Зенит ќе игра во Лига Европа. Малме ќе биде четврти во групата.