Со пораки за еднаквост и почитување на работничките права, ширум светот и во регионот се одбележа Денот на трудот. Илјадници синдикалисти во поголемите градови маршираа барајќи подобри услови за работа и повисоки примања. Сепак, турските власти повторно оневозможија работничките движења од Истанбул да се соберат на плоштадот Таксим, откако протестите во 2013-тата година земаа силен антивладин замав. По нередите денеска, најмалку 25 лица завршија зад решетки.

Advertisements

„Секаде е Таксим. Секаде е отпорот.“

Еден од најмасовните маршеви се одржа во Сеул. Лидерот на синдикалците упати порака до новоизбраниот претседател Јун Сук, кој застапува потврди ставови за комунистичката Северна Кореја.

„Укинувањето на нееднаквостите значи спречување војна и реализација на мирното и независно обединување на Корејскиот полуостров. Тоа исто така значи трансформирање на општеството во свет фокусиран на трудот”, изјави Јанг Куенг Соо – претседател на Сојузот на синдикати

Ковид рестрикциите пак, резултираа со невообичаено тивок Први мај во Кина, но и со незадоволство кај стопанствениците од прометот.

„Нарачките што ги имаме за овогодишниот Празник на трудот се многу малку. Речиси 98% помалку од минатата година. Останатите 2% се премалку за нас. Не можеме многу да направиме со пандемијата“, изјави Ванг Лијинг – сопственичка на ресторан

Од регионот, голем број работници се собраа на плоштадот Синтагма во Атина, каде синдикалците се солидаризираа со вработените во пристаништата, кои беа меѓу најпогодените во корона-кризата. Се протестираше и во Тирана. Работниците бараа повисоки плати и подобри услови за работа. /Алсат.мк

Лука Андреев